ВЕСТИСВЕТ

Ватикан: Здравствената состојба на папата Франциск е сè уште загрижувачка

Папата Франциск, кој последните десет дена е хоспитализиран поради билатерална пневмонија, помина мирна ноќ во болница, спиејќи и одморајќи, соопшти денеска Ватикан.

Advertisements

Анализите направени во римската болница Гемели во саботата покажаа дека папата се уште е во критична состојба и дека е во почетна фаза на откажување на бубрезите, но лекарите процениле дека е под контрола.

Ватикан вчера соопшти дека папата Франциск од претходната ноќ немал нови респираторни кризи, но дека се уште добива дополнителен кислород.

Од 14 февруари папата се наоѓа во римската болница Гемели, каде што беше примен поради билатерална пневмонија.

Лекарите потврдија дека папата е особено подложен на белодробни инфекции бидејќи како млад боледувал од плеврит и хируршки му бил отстранет еден дел од крилото на белите дробови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button