МАКЕДОНИЈА

Вчера се вакцинирале 13 592 граѓани од кои 2 411 примиле прва доза

Во текот на вчерашниот ден се вакцинирале вкупно 13 592 граѓани, а од нив 2 411 примиле прва доза, додека останатите се ревакцинирале.

Advertisements

Со тоа вкупниот број на вакцинирани граѓани скокна на 233 844 од кои 71 600 примиле и втора доза.

„Со последните бројки 47% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 41% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 34% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина“, велат од Министерството за здравство.

За вакцинација досега се пријавиле вкупно 429 464 граѓани, а од Министерството апелираат оние кои не го направиле тоа, да се пријават на vakcinacija.mk.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button