ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА
Велешанец нашол бебе со тешка здравствена состојба

Во велешката болница вчера било однесено бебе во тешка здравствена состојба кое случаен минувач го нашол оставено во центарот на градот, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес.
Полицијата извршила разговор со докторката во болницата која рекла дека бебето било во тешка здравствена состојба и оти се чекаат резулати од дополнителни испитувања.
Според докторката, додаваат од полицијата, кратко време откако било донесено бебето, во болницата дошла С.К. која била на околу 20-годишна возраст и која рекла е мајка на бебето. Но, потоа жената ја напуштила болницата.
Од СВР Велес велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.