ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Велешката гимназија и денеска не ги отвори вратите за 16-тте ученици Албанци

Велешката гимназија и денеска не ги отвори вратите за 16-тте ученици Албанци

Шеснаесетте ученици Албанци од Велес и денеска останаа надвор од наставниот процес бидејќи сè уште не се примени во гимназијата „Кочо Рацин“, во втора паралела со настава на албански јазик. Ова телефонски ни го потврди еден од учениците, кој додаде дека последното ветување од училиштето е дека наставата ќе започне во понеделник, без да прецизира дали ќе бидат примени и учениците со помалку од 50 поени.

„Од училиштето ни рекоа дека наставата ќе започне во понеделник и оти ќе продолжиме да учиме во гимназијата. Дали имавте бодови? 52. Дали досега ги доставивте документите или не? Не, не сме ги доставиле. Ќе ги доставиме во понеделник. Кој ве извести дека ќе почнете во понеделник? Таму во Велес ни рекоа, не го знаеме, некој наставник.“

Директорот на гимназијата Илија Попов денеска повторно не одговараше на телефонските повици на Алсат за да појасни како ќе се постапува со преостанатите 16 ученици. Министерот за образование Јетон Шаќири вчера изјави дека мора да се примат учениците со над 50 бодови и оти ќе има и втора албанска паралела. Шаќири не ја исклучи и можноста да има инспекциски надзор во ова училиште доколку се формираат македонски класови со правилен број ученици.

„Доколку се случи да нема поделба врз основа на конкурсот, тогаш ќе анализирам и децата кои се пријавени во класовите на македонски јазик и таму ќе има допис да ја почитуваат законската одредба која е во Законот за средно образование дека минималниот број треба да биде 20 и организирањето на училницата ќе се базира на анализите на министерството. Не сакам да најавувам дека од четири ќе станат три класа, но можеби и така ќе биде. Не може за едно да се гледа на еден начин, а за албанскиот јазик на друг начин“, изјави Јетон Шаќири, министер за образование.

Неофицијално Алсат дознава дека во Општина Велес веќе пристигнал допис од Министерството за образование со кој се овозможува упис на учениците Албанци со над 50 поени. Тие неколку дена протестираат затоа што не се дозволува втора паралелка со настава по албански јазик за учениците од прва година.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button