СПОРТФУДБАЛ

Велез Сарсфилд е нов шампион на Аргентина

Со триумф во директниот дуел против Хуракан, екипата на Велез Сарсфилд ја освои титулата во аргентинското фудбалско првенство.

Advertisements

Тоа е 11. шампионски трофеј за клубот од Буенос Аирес и прв по пауза од 11 години. Во пресрет на последното коло, три екипи имаа шанса за титулата, два од нив се сретнаа еден против друг, а третиот – Талерес загуби на домашен терен од Њуелс Олд Бојс со 1-3 и сам си ја запечати судбината.

Хуракан можеше да стане шампион, но загуби од Велез и го освои дури четвртото место. Клаудио Акино во 30. минута го отвори резултатот и предизвика еуфорија на стадионот „Хозе Амалтифани“, а пред крајот на првото полувреме Фернандес ги постави конечните 2-0.

Велез е шести најтрофеен клуб во аргентинското првенство со 11 трофеи. На првото место е Ривер Плејт со 38, а втора е Бока Јуниор со 35 титули.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button