ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Велигденските празници во Тетово се одбележуваат малку поразлично
Велигденските празници во Тетово се одбележуваат малку поразлично

Православните верници денес го слават Велигден, односно Воскресението Христово. Утрото започна со подготвување на големата трпеза со многу храна и вино, која целосно е подготвена за гости. Подготовките започнаа уште во четвртокот, со бојадисување на првото јајце, вели Милена Илиевска од Тетово, која потенцира дека во овој град Велигден се празнува на поинаков начин, затоа што традицијата се негува повеќе отколку во другите места.
Денеска секој дом на христијанските верници тука во Тетово е исполнет со богата трпеза и вратите се отворени за да се пречекаат гости.
Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а во текот на денот се одржуваат литургии./Алсат.мк
Башким Сулејмани