ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Велјановски: ВМРО-ДПМНЕ е за Устав по хрватски модел

Преамбулата на македонскиот Устав да биде по моделот на Република Хрватска, односно Македонија да биде национална држава на македонскиот народ и на малцинствата што живеат во Република Македонија и кои ги уживаат истите права како што ги ужива и македонскиот народ. Ова е ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на уставните измени, посочи во денешното интервју за Радио Лидер пратеникот Александар Велјановски.

„Ова со хрватскиот модел, предлогот којшто го слушнавме и од страна на претседателот Мицкоски, јас го слушнав и од заменик-министерката за правда која во една емисија на една национална телевизија кажа дека правеле една компаративна споредба на сите устави во регионот, па и пошироко, и дошле до заклучок дека Македонците во Република Хрватска се дел од Преамбулата и дека таму никаков проблем. Оттука и предлогот на претседателот Мицкоски, односно фрлената ракавица е токму во таа насока, Македонија својата преамбула да ја формулира по моделот на Република Хрватска како национална држава на македонскиот народ и на малцинствата што живеат во Република Македонија и кои ги уживаат истите права како што ги ужива и македонскиот народ, а во согласност со Повелбата на Обединетите нации“, рече Велјановски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button