РАКОМЕТСПОРТ

Велковски: Треба да сме по прецизни во нападот, за да не доаѓа до техничките грешки

Германската репрезентација се подготвува на играта „седум на шест“, која селекторот Кирил Лазаров ја употреби на натпреварот против Франција во Дизелдорф. Сепак, многу веројатно тој систем нема да биде основен в недела навечер.  Мартин Велковски е еден од оние кои одлично го играат системот со човек повеќе во напад, но верува дека нема да биде основен адут против Германците.

Advertisements

„Видовме дека Германија игра цврста одбрана и изнудуваат технички грешки, по кои постигнуваат лесни голови. Ние имавме доста проблеми против Франција во играта „еден на еден“ и тие тоа го искористија и нè принудија на технички грешки. Работиме да сме по прецизни во нападот, за да не доаѓа до техничките грешки. Нам не ни беше примарна опција „седум на шест“, ја искористивме, бидејќи имавме проблеми во дуелите „еден на еден“. Имавме проблем да создаваме предност во таква игра. Не ни е примарно да играме така, ќе видиме како ќе се одвива натпреварот“, рече Велковски.

Македонската репрезентација ќе одработи уште два тренинзи до дуелот против Германија, а потоа селекторот Лазаров ќе ги одреди ракометарите кои ќе истрчаат на теренот на „Мерцедес Бенц Арена“ во Берлин. /Gol.mk/

FOTO: Gol.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button