СПОРТФУДБАЛ

Венецуела го совлада Мексико и обезбеди место во елиминационата фаза

Фудбалерите на Венецуела направија големо изненадување совладувајќи го Мексико во второто коло од групата Б на Копа Америка и со тој триумф го обезбедија своето место во елиминационата фаза.

Пред средбата двата тима имаа по три бода, а мексиканците беа големи фаворити за да го удвојат тој биланс, но Саломон Рондон во 57. минута од пенал му донесе предност на Венецуела која со многу среќа остана сочувана до крај.

На овој меч Мексико упати 17 удари, од кои шест директно кон противничкиот гол, а најдобрата можност за израмнување ја имаше во 87. минута кога Орбелин Пинеда промаши пенал.

Со овој триумф Венецуела и се приклучи на Аргентина која веќе обезбеди премин во понатамошниот тек на натпреварувањето како лидер во групата А, а Мексико ќе мора да брка победа против Еквадор во последното коло за да го потврди своето учество во елиминациската фаза.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button