

Алсат
03.08.2020 12:33
Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер ги кажа своите фаворити во тековната Лига на шампиони.
– За мене, Манчестер сити и Пари Сен-Жермен се два фаворита во однос на нивниот потенцијал. Чувствувам дека ПСЖ е малку посилен од пред три или четири години, кога и конкуренцијата исто така беше посилна. Мислам дека има генерален пад на квалитетот на европскиот фудбал. Но, парижаните сè уште се меѓу првите две или три екипи во Европа, изјави Венгер.