ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Венко Крстевски избран за в.д. градоначалник на Кочани

Со 9 гласа „за“, со поддршка на советниците од советничката група на СДСМ, независниот кандидат Венко Крстевски е избран за в.д. градоначалник на Кочани.

Кандидатот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Гоце Марков, освои 8 гласа.

Advertisements

Советничката на Левица беше воздржана.

„Ќе бидам мост меѓу народот и институциите, Кочани да биде поубаво место на живеење, да се издигнеме од оваа апатија. Фокусот ќе ми биде на младите“, порача Крстевски по гласањето.

Претходно седницата за избор на в.д. градоначалник помина во тензична атмосфера, а советничката Кристина Атанасова од ВМРО-ДПМНЕ, чиешто дете е меѓу повредените во пожарот и сè уште се лекува во болница, низ солзи од говорницата поднесе оставка од местото член на Советот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button