ВЕСТИРЕГИОН

Верниците во Албанија и Косово од утринските часови ги наполнија џамиите за Бајрамската молита

Верниците во Албанија и Косово од утринските часови ги наполнија џамиите за Бајрамската молита

Илјадници муслимани се собраа во џамиите во регионот уште од раните утрински часови за молитвата за Курбан Бајрам, еден од најголемите празници во заедницата. Во Косово, централната манифестација се одржа во Приштина, поточно во Големата џамија. Заедно со свечената програма и пораките за мир, поглаварот на Исламската заедница на Косово, Наим Тернава, во оваа пригода ја повика државата да вклучи аларм и да спроведе политики за наталитетот.

Advertisements

„Татковината не се брани само со оружје, туку пред сè, се брани со здраво, образовано и свесно население. Во оваа смисла, наталитетот е силна стратешка врска за национално опстанување, особено во регионите каде што Албанците се малцинство или се изложени на ризик од асимилација. Под овие услови, падот на наталитетот е национален аларм. Државата мора брзо да реагира за да ги поддржи семејствата со политики што го поддржуваат раѓањето на деца, како што се вработување на двајцата родители, економски стимулации, поддршка за бремени мајки, грижа за деца итн”, рече Наим Тернава, претседател на Исламската заедница на Косово.

Празникот Бајрам се слави низ цела Албанија. Верниците ги исполнија градските плоштади. Централната церемонија се одржа на булеварот „Херои на нацијата“ во Тирана, каде што се собраа илјадници верници. Поглаварот на муслиманската заедница, Бујар Спахиу, испрати порака дека празникот не треба да се гледа како ден за одмор и консумирање, туку како ден за богослужба и размислување.

„Во време кога економските, социјалните и духовните предизвици влијаат врз многу семејства, Бајрам доаѓа како светлина на надеж. Да не го гледаме едноставно како ден за одмор и консумирање, туку како ден за богослужба. Во исто време, како што навистина е, како можност да ги обновиме нашите врски со Господарот на вселената и едни со други. Да се сакаме еден со друг заради Бога, да ја споделиме нашата трпеза, но и нашите насмевки. Да одиме кај осамените, кај старите лица. Кај оние кои немаат можност да слават. Затоа што така сме добри, чесни муслимани, не само со име“, рече Бујар Спахиу, претседател на Муслиманската заедница на Албанија.

Церемониите за Курбан Бајрам се одржаа и во други градови во регионот каде што живеат муслимани. Празникот, покрај молитвите во џамијата, се карактеризира и со посети на роднини, подароци за деца и колење на добиток како знак на жртвување./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button