СПОРТФОРМУЛА - 1

Верстапен: Мислам дека оставив доволно простор за Ландо

Големата награда на Австрија ја одбележа нeмил инцидент откако на пет кругови до крајот водечкиот Макс Ферстапен и „предизвикувачот“ за пол-позицијата Ландо Норис направија меѓусебен судар кој резултираше со дупнати гуми.

Ферстапен се довлечка со боксот по што ја продолжи трката и заврши на петтата позиција, додека Норис остана во боксот на големо незадоволство за кое говореше и по крајот на трката обвинувајќи го неговиот холандски пријател.

По целата ситуација сега се огласи и самиот Ферстапен кој вели дека тоа е дел од тркањето.

„Како пријател никогаш не сакате да дојде до судир, но тоа се случи денеска. На крајот на денот тоа е дел од тркањето. Јасно е дека двајцата сме незадоволни. Секогаш се преиспитувате, дали јас сум крив, дали оставив доволно простор. И јасно е дека ќе има расправа околку тоа. Искрено мислам дека оставив доволно простор за Ландо. Меѓутоа суштината е да се борите за што подобар позиција на излез од кривина. Едноставно се борите за победа и тоа така треба да биде“, вели холанѓанецот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button