СПОРТФОРМУЛА - 1

Верстапен најбрз на првиот тренинг на легендарната „Сузука“

Mакс Верстапен на легендарната „Сузука“ продолжи онаму каде што застана во Австралија. Иако немаше посакуван резултат во трката и мораше да се откаже, hоланѓанецот на првиот тренинг пред трката за Големата награда на Јапонија покажа доминација.

Advertisements

Единствени реални резултати имаше на првиот тренинг, на кој Макс имаше најбрзо време од 1:30,056. Најблизу до него беше тимскиот колега Серхио Перез со задоцнување од 0,181, додека следеше Карлос Саинц со 0,213 побавен круг. По нив добри времиња забележа дуото од Мерцедес, Расел и Хамилтон кои беа единствени под половина секунда.

Во топ десет имаше место уште за Леклер, Алонсо, Пиастри, домашниот возач Цунода и Норис. Вториот тренинг не даде вистински резултати. На почетокот врнеше дожд, а во такви услови долго време немаше ниту еден возач на патеката. Само седум возачи забележаа какво-такво време во финишот на тренингот, а најбрз беше Оскар Пиастри. Сепак, неговото време од 1:34,725 беше побавно од било кое на првиот тренинг. Третиот тренинг и квалификациите се возат в сабота наутро, додека трката е закажана за в недела од 07:00 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button