ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Весна Дамева ја чека одлуката на Управен за нејзиното враќање на чело на Судскиот Совет

Весна Дамева ја чека одлуката на Управен за нејзиното враќање на чело на Судскиот Совет

Поранешната претседателка на Судскиот совет и актуелен член, Весна Дамева, за која Управниот суд одлучи дека треба да се врати на функцијата претседател на судскиот совет, денеска не ја коментираше одлуката бидејќи се уште не ја добила во писмена форма.

Advertisements

„Во овој момент не можам да ја коментирам одлуката на Управниот суд бидејќи се уште не сум ја добила. Информацијата дека таква одлука е донесена ја дознав од медиумите“, изјави Дамева за Алсат.
Истиот одговор добивме и Судскиот совет. Од ова тело велат дека по добивањето на пресудата ќе постапат согласно насоките на Управниот суд.

„Судскиот совет се уште не ја добил пресудата. Откако ќе ја добие, ќе ја разгледа и потоа ќе биде ставена на седница. Во зависност што ќе содржи во неа, ќе се постапи во законскиот рок“, велат од Судски совет.

По одлуката на управниот суд, ВМРО-ДПМНЕ бара колективна оставка од членовите на Судскиот совет.

На 26 април годинава, Селим Адеми, поранешниот потпретседател на Судскиот совет, поднесе барање за смена на Дамева, наведувајќи дека се нарушени меѓучовечките односи во Судскиот совет.
Со седум гласа „за“, Дамева беше сменета, а на нејзината функција дојде Адеми. Овој процес се одвиваше во услови на покренување на дисциплинска постапка против апелациониот судија Енвер Беџети, кој предметот за масовно прислушување „Тврдина таргет“ го држеше во фиока, со што случајот против Сашо Мијалков дојде до застареност./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button