ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Веста дека ќе бидат покриени само 30 отсто од вредноста на штетите што градот му ги нанесе на земјоделството во Полошко ги вознемири земјоделците

Веста дека ќе бидат покриени само 30 отсто од вредноста на штетите што градот му ги нанесе на земјоделството во Полошко ги вознемири земјоделците

Веста дека ќе бидат покриени само 30 отсто од вредноста на штетите што градот му ги нанесе на земјоделството во Полошко ги вознемири земјоделците од овој регион. Велат дека со оваа сумат не можат да го покријат ниту потрошеното гориво, а камоли семето и земјоделските производи. Бараат да бидат обештетени 50 отсто.

Advertisements

„Тие 30% не ја покриваат ниту нафтата. Слободно дојдете да ги видите компирите што ги искубавме деновиве и ќе видите колку останале. Министерот тој ден кој беше заедно со првиот човек на општината рече дека штетите ќе се исплатат како што заслужуваме. Со триесет проценти ништо не може да се покрие, ова во превод земете ги куферите и бегајте во Германија. Догодина воопшто нема да садам, машините за компири ќе ги продадам оти нема профит, ставаме десет илјади евра а добиваме две илјади евра. Нашето барање е да ни го платат она што го заслужуваме затоа што добро знаат колку чини да се сади земјоделски производ“, рече Осман Адили- земјоделец.

„Имаме многу штети, ништо не сме земале од нива, сто проценти сме на нула. Со само 30 проценти од нашите трошоци покрива само нафта, ова не покрива други трошоци“, рече Беким Рушити- земјоделец.

„Имам 5000 квадрати лубеница, тоа значи 30 тона, толку ќе ме обештети Владата. Барем ни ги покриваат најлоните, семето, барем тие ги покриваат трошоците за да не изгубиме се“, додаде Бесник Абази- земјоделец.

Земјоделците велат дека доколку Владата не ги покрие соодветно овие штети, следната година нема да засадат ништо.

„Следната година по овие штети што ги имавме, веќе немаме капацитет да инвестираме од почеток. Во земјоделска аптека веќе не даваат со чекање, оти немаме со што да платиме. Доаѓа есен, мора да се платат, а ако немаш пари не можеш да инвестираш. Ако немам пари и трактор, не можам. Земјоделецот ако нема барем 500 евра, не може да почне. Киријата сега мора да се плати, луѓето со право бараат, треба да плати, ние сме на нула како земјоделци“, нагласи Осман Адили- земјоделец.

„Поради оваа причина, нема млади земјоделци на нивите, останаа сите старци, погледнете ги нивите, само трње има. Во источна Македонија повеќе им даваат, на нас речиси ништо. Ова е и потценување и дискриминација како Албанци“, рече Беким Рушити- земјоделец.

Од неодамнешните врнежи од град, во Полог беа оштетени повеќе од 500 засадени парцели, а штети имаше и на станбени објекти и дуќани. Од подрачната единица на Министерството за земјоделство соопштија дека конечната проценка на штетите наскоро ќе ја направи Владината комисија, по што ќе започне исплатата../Алсат.мк

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button