ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вестите од Бугарија не се охрабрувачки, вели Османи

Вестите од Бугарија не се охрабрувачки, продолжуваме со комуникација на ниво на МНР, но очигледно дека потребно е формирање на политичка влада за надминување на разликите и деблокада на евроитеграциите, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Advertisements

-За жал не се охрабрувачки вестите коишто доаѓаат од Бугарирја во делот на формирање на институциите, бидејќи како што често нагласувам очигледно тоа се покажа како важен фактор во изнаоѓање на решение за надминување на разликите коишто се причина за оваа непринципиелна блокада на нашата европска перспектива. Ние бевме во очекување дека овој втор обид ќе има инститиции за да можеме во тој политички дел да комуницираме и да изнаоѓаме решение. Меѓутоа независно од тоа комуникацијата помеѓу двете МНР-а продолжија и во изминатиот период, имаше директна комуникација на експерти од двете министерства коишто разговараа по однос на прашањата коишто беа отворени на последниот состанок во Софија и презентирани како можност за утврдување на патоказ за надминување на разликите. Се разбира тоа е колку да се одржи една комуникација на ниво на МНР за да не се создаде јаз којшто потоа потешко ќе може да се исполни, но очигледно дека потребно е формирање на политичка влада, политички институции за да може да се најде решение, рече Османи на новинарско прашање.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button