Ветувана повеќе од две децении, изградбата на новата училишна зграда во Селце, Тетово, се чини дека гледа светлина на денот
Ветувана повеќе од две децении, изградбата на новата училишна зграда во Селце, Тетово, се чини дека гледа светлина на денот

Школото во селото Селце, Тетовско, кое се ветува уште од 2002 година, конечно се движи кон реализација. Првата фаза од објектот се очекува да биде завршена оваа година, а следната година и втората фаза, по што се очекува учебната година 2026/2027 да започне во нов објект. За да се види како течат градежните работи, на терен заедно со директорот на училиштето и неколку жители на Селце беше и градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами.
„Според она што успеавме да го видиме од динамиката на градежните работи, до декември ќе завршат работите од првата фаза, со што објектот ќе биде функционален во неговиот внатрешен дел. Во втората фаза ќе се изврши уредување на надворешниот дел, фасадата и училишниот двор со заштитни ѕидови и ограда. Станува збор за еден многу важен проект за Селце, особено ако се има предвид дека долго време беше само неисполнето ветување. Еден проект не успеа и денес тој објект претставува опасност за децата, затоа анализираме негово отстранување за да не биде закана“, рече Билал Касами, градоначалник на општина Тетово.
Иако некогаш старото школо во ова село имала над 500 ученици, денес тој број е намален за повеќе од шеесет отсто.
„Како што спомна и градоначалникот, денес го посетивме новиот училишен објект во селото Селце, и врз основа на тоа што го видовме, првата фаза на објектот ќе заврши во предвидениот рок, додека во втората фаза ќе се создадат услови со заштитни ѕидови и спортски објекти. Бројот на ученици ни е намален за околу 200 и моментално имаме 387 ученици“, рече Муамер Асани, директор на ОУ „Рилиндија“, Селце.
Учениците од селото Селце, до завршување на новиот училишен објект, наставата ќе ја продолжат во старата зграда на училиштето „Рилиндија“, изградена во четириесеттите години од минатиот век./Алсат.мк
Башким Сулејмани