ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ветувањата на Вреди остнаа во предизборната програма

Ветувањата на Вреди остнаа во предизборната програма

Коалицијата ВЛЕН тврди дека има достигнувања во првите 100 дена од владата, во остварување на заедничката владината програма со ВМРО, но во политичкиот акциски план во однос на предизборните ветувања, нивниот политичи придонес е речиси нула.

Advertisements

Ако се погледне ветената програма, од почеток се гледа дека ВЛЕН потфрли со формирањето на Министерството за дијаспора, што беше отфрлено од ВМРО, иако беше одобрен закон со кој се реорганизираа министерствата и се формираа уште неколку нови.

ВЛЕН ветуваше дека Албанец ќе раководи со МВР, но всушност добија само заменик, а нне доби ни змаеник во разузнавачките структури на Претседателот.

Формирањето албанска академија, како паралела на македонската, од владиниот партнер беше оценето како негативно, со објаснување дека се етнизираат институциите.

Евроинтеграциите останаа на крстопат, иако неколкупати се најавуваше дека уставните измени ќе се случат за 6 месеци или ќе ја напуштат владата.

ВЛЕН ветуваше дека ќе ја отвори и темата за формулацијата од 20% од јазикот, но всушност се соочи со потешка ситуација, со евентуално укинување на некои члена од Уставниот суд. Иронично е што еден од иницијаторите на иницијативата за законот за јазици е генералниот секретар на Владата Игор Јанушев, кој бил прифатен како кадар и од ВЛЕН.

Од економски аспект, беше ветено создавање на економска зона за албанската дијаспора, па дури и формирање на Албанска банка, со цел да се намали дискриминацијата кон Албанците, а се ветуваа и заеми со 0 камата за млади парови.

Грижа за Алабнците се ветуваше и во областа на образованието, но во првите 100 дена не се виде ништо од ветувањето за реализација на „Албански Еразмус со Косово и Албанија“, освен што се подели унифицираниот буквар, кој може да се користи како дополнителен а не задолжителен материјал.

Покрај букварот, се ветуваше и изучување од исти учебници по, литература, историја, географија, па дури и формирање на заеднички институт со Косово и Албанија.

ВЛЕН се пофали со 35 милиони евра издвоени за Универзитетот „Мајка Тереза“, чија лента беше пресечена од времето на Груевски во 2016 година,.

Беше ветено и формирање на Музеј на албанска историја и култура или организирање на пан-албански игри, но и овие не беа тема во првите 100 дена. ВЛЕН за достигнување го смета и „Едношалтерскиот систем“ на сите гранични точки, но на граничниот премин Блаце овој систем се уште не функционира.

Во областа на правдата не беше прифатен предлогот на ВЛЕН за ветинг, ниту пак идејата за формирање тело со меѓународни експерти за надзор на работата на судии и обвинители. Ништо не е кажано за надоместокот за прогонетите Албанци кои настрадаа во затворите на југословенскиот комунизам, ВЛЕН не спомена ниту една реченица за поранешните војници на ОНА,а се најдоа затечени кога СДСМ предложи закон само за бранителите. Во здравството се уште нема ништо од ветувањето дека ќе се отворат 6 болници со кои би стопанисувале општините.

ВЛЕН се фали со 100-те милиони евра за општините, кредит од Унгарија, што всушност се припишува само на ВМРО. Влен ветуваше дека патните тарифи ќе се намалат за 50% а зелениот картон ќе чини само 1 евро.

Во моментов ВЛЕН се фали со казината, но се уште не е усвоен новиот закон останува во најавува, ниту пак има истрага за малверзациите што се направени, како што велат од поранешниот вицепремиер Груби и други експоненти на ДУИ.

Едно е јасно, Влен не може да има втора шанса за прв впечаток./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button