ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ветувањата за подобрување на инфраструктурата во тетовските села се повторуваат, но реализацијата не се гледа никаде

Директорот на „Македонски патишта“ придружуван од градоначалникот на Тетово, изврши увид во почетокот на работите на патот кон село Шипковица, и се пофалија дека покрај овој пат, ќе се санираат и патиштата во селата. Вакви ветувања беа давани повеќе пати досега, а патот до Шипковица, останува вистинска голгота. Улиците на селото Гајре со години се целосно запоставени.

Advertisements

Освен проблемот со патот, селото Гајре нема канализација и вода за пиење. Жителите повеќепати ги информирале институциите за состојбата, но никогаш не биле преземени мерки.

“Ние упативме барања, и во писмена форма и преку повик и сè, но никогаш не преземаа мерки за да направат нешто. Само избори кога има, доаѓаат и никогаш повеќе не доаѓаат овде”.

„Ова беше направено кога се поправи патот до Попова Шапка, тогаш се направи ова овде. Бекатонките до џамијата сами ги ставивме“.

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, на прашањето за загриженоста на жителите на Гајре, не даде конкретен одговор на нивните грижи.

„Работиме интензивно, како што гледате, ги имаме предвид барањата на жителите и каде што имаме интервенции од ваков карактер, истовремено одиме и на локалните интервенции“.

Оштетени патишта, недостаток на канализација и многу проблеми имаат повеќето села во Полог, кои со години чекаат на санирање.

Bashkim Sulejmani

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button