ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ветувањето за нова болница во Струга не се исполни

Ветувањето за нова болница во Струга не се исполни

Нема ништо од ветувањата на власта дека Струга ќе добие нова современа болница. И покрај најави уште од пред неколку години, дека болницата ќе се гради на излезот на градот во правец на граничниот премин Ќафасан, тоа остана само на хартија,а стружани и понатаму се лекуваат во несоодветни услови, додека лекарите и медицинскиот персонал работат во стар објект, изграден во шеесеттите години. Дел од одделите се сместени во бараки и несоодветни просторни услови.

„Условите во оделот за хирургија се тие кои што се, работиме во многу тешки услови. Од аспект на организација и снабдување со операциски инструменти сме на едно добро ниво. Но условите од аспект на простории и операциони сали, тука стоиме многу лошо. Ова мора да се реши, бидејки имаме голем број на пациенти од Охрид, Битола, Кичево, Ресен, Струга, Дебар. Голем број на операции кои во еден момент можеби нема да може да ги извршуваме“, рече Илми Речи-лекар.

„Добро е да имаме подобри услови, меѓутоа ние се адаптираме и на овие услови. Оперативниот блок е понов, но условите се тие.Ова е стара болница, зидовите се ронат, ќе паѓа и она што е направено како шминка, не држи“, нагласи Златко Лазаревски-началник на хируршко одделение.

Директорот Арменд Арслани вели дека по 60 години од изградбата на болницата, реновиран е дел од хируршкото одделение и радиологија, и дел од оделот за педијатрија.

„Струшката болница се менува од ден на ден во сите аспекти и горди сме што оваа институција се враќа на заслуженото достоинство и ги истакнува своите вредности а со тоа придонесува за подобрување на условите и зголемување на стандардот на болничкиот престој за сите пациенти“, рече Арменд Арслани-директор на општа болница Струга.

И градоначалник Мерко имаше план за струшката болница. Тој ветуваше дека со јавно -приватно партнерство ќе се изгради нова болница, но тоа не се оствари./Алсат.мк

Мики Трајковски

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button