СПОРТФУДБАЛ

Видео / Алегри го повика навивачот да се симне за да се пресмета со него

Јувентус, во неделата, запиша тешка победа над Фиорентина (1:0). Во центарот на вниманието беше тренерот на „Старата дама“, Масимилијано Алегри, кој влезе во конфликт со еден од навивачите на домашниот тим. Јувентус не блескаше ниту на овој меч. Впечатокот е дека во раната фаза од второто полувреме, Алегри се определи да ја брани минималната предност.

Advertisements

Навивачите во текот на мечот неколку пати со свирежи ги испратија домашните фудбалери. Еден од нив влезе во вербална расправија со тренерот на Јувентус.

Не сакајќи повеќе да го слуша Алегри во еден момент го повика навивачот да се симне за да се пресмета со него.

„Затвори ја устата и слези долу“.

 

 

На крајот сепак се помина без некој поголем инцидент./Makfax/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button