СПОРТФУДБАЛ

Видео / Аргентина е освојувач на Копа Америка, Лаутаро Мартинез е херојот

По шеснаесетти пат во историјата Аргентина е освојувач на Копа Америка. Со овој трофеј „гаучоисите“ се најтрофејни на континентот и имаат една титула повеќе од Уругвај. Во грубо и фудбалски негледливо финале во Мајами, Аргентина ја совлада Колумбија со 1-0, по продолженија. Натпреварот го одбележа победоносниот гол на Лаутаро Мартинез и солзите на Лионел Меси, кој повреден побара замена во вториот дел и прсна во плач на клупата.

Advertisements

Финалето доцнеше повеќе од еден час поради нередите кои се случуваа пред стадионот во кои фанови се обидуваа на секаков начин без билети да влезат на мечот. Натпреварот не изобилуваше со фудбалска убавина, немаше голови, имаше по неколку шанси на двете страни. Во финишот од првото полувреме Меси заработи повреда на зглобот. Тој се обиде да продолжи да игра, тоа го правеше до 66. минута кога повеќе не можеше, излезе повреден и плачејќи седна на клупата.

Регуларните 90 минути завршија без погодок, па натпреварот отиде во две продолженија од по 15 минути. Скалони конечно во 96. минута реши во игра да го пушти Лаутаро Мартинез на местото од Алварез, тоа се покажа како клучен потег. Лаутаро во 112. минута даде гол за победа на Аргентина од 1-0.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button