СВЕТ

(ВИДЕО) Авион се урна врз куќа во предградие на Детроит, има жртви

Пилот и двајца патници го загубија животот откако малиот авион со кој се превезувале се урнал врз куќа во предградието на Детроит. Како што пренесуваат странските медиуми, во станбениот објект живеело петчлено семејство кое се спасило поради брзата евакуација од куќата која веднаш се запалила.

Advertisements

Сопственикот на куќата, Ерик Мален за локалните медиуми изјавил дека негов најголем страв од секогаш било токму ваков инцидент бидејќи неговиот дом се наоѓал на траекторијата на авионите кон блиската аеродромска писта.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button