ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Авионот со 60 патници се урна во Вашингтон по судир со воен хеликоптер

Комерицијален авион на „Американ ерлајнс“ (American airlines) со десетици патници се урна во близина на главниот град на САД, Вашингтон, јавуваат светските медиуми.

Според информациите, несреќата се случила откако авионот се судрил со хеликоптер на американската армија од типот „Блек хок“ (Black hawk) по што се урнал во реката Потомак, која тече низ Вашингтон.

Advertisements

Авионот кој доаѓал од Вичита, Канзас, а во кој имало 60 патници и четворица членови на екипажот се судрил со хеликоптерот додека се приближувал кон пистата на аеродромот „Роналд Реган“ во главниот град на Соединетите Американски Држави.

Американските медиуми јавуваат дека при падот во реката Потомак, авионот се преполовил на два дела.

Несреќата се случила околу 21 часот според локално време, односно околу 2 часот според средноевропско време.

Бројни спасувачки екипи веднаш излегле на местото. Полициски екипи и нуркачи ги пребаруваат водите на реката во потрага по преживеани.

Во воениот хеликоптер, кој се судрил со авионот, имало тројца војници на американската армија, изјави преставник на Министерството за одбрана на САД, пренесува Би-би-си.

Тој полетал од базата „Форт Белвоар“ во сојузната држава Вирџинија.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека бил „целосно информиран за страшната несреќа“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button