ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Белгиските земјоделци го блокираа Брисел

Во Брисел денеска повторно се одржуваат протести на земјоделците на кои се изразува револт против евтината цена на увозот.

Advertisements

Градот е преплавен со трактори, чиј број, според портпаролката на полицијата, Илса Ван де Кеер, во Европскиот кварт изнесува најмалку 300, кои ги блокирале и околните улици, пренесува Бриселски Тајмс.

Во градот се слушаат сирени и активирани се неколку димни бомби, а Ван де Кеер вели дека ситуацијата во моментов е мирна и дека во Европскиот кварт и на критичните точки и влезните патишта се распоредени неколку стотици полицајци.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button