ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Бројот на загинати и исчезнати во поплавите во Либија се зголемува

Над 5 000 луѓе се претпоставува дека се загинати, а 10 илјади се водат како исчезнати откако обилните дождови во североисточна Либија во невремето кое предизвика катастрофални поплави и доведе до уривање на две брани.

Advertisements

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на владата на истокот на Либија изјави дека бројот на загинати во поплавите во градот Дерни во источна Либија се искачи на 5 200 лица, додека директорот на болницата изјави дека има 2 200 загинати.

Веќе се објавени и сателитски снимки од поплавеното подрачје кои се направени во август и по поплавите.

Владини претставници велат дека бројот на загинати може да се искачи и над 10 илјади, а истиот број го споменуваат и од Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button