ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Бројот на жртви од поплавите во Пакистан надмина 1.000 лица

Уште 75 лица го загубија животот во последните 24 часа како последица на поплавите во Пакистан, со што бројот на загинати лица се искачи на 1 138 откако земјата ја зафатија обилни монсунски дождови.

Advertisements

Најголем дел од смртните случаи се пријавени во северозападната провинција Кибер Пахтунхва и јужната провинција Синд, кои беа најтешко погодени од поплавите.

Пакистанските власти соопштија дека 1 634 лица се повредени во несреќите предизвикани од дожд и поплави, додавајќи дека загинале и повеќе од 719 000 домашни животни. Поради поплавите, во Пакистан се оштетени повеќе од 3 451 километар патишта, 149 мостови, 170 продавници и 949 858 куќи, јави Анадолија.

„Третина од Пакистан моментално е под вода“, рече министерката за климатски промени Шери Реман, нарекувајќи ја „криза од незамисливи размери“.

Во Пакистан во тек е акција за давање помош на ранливите лица, а меѓународната помош почнува да пристигнува.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button