ВЕСТИ

(ВИДЕО) Бугарија – Министерството за одбрана „бомбардирано“ со јајца и домати

Демонстрантите во Бугарија синоќа кон Министерството за одбрана фрлаа јајца и домати незадоволни од  намерата на владата да купи уште една група борци Ф-16 од Америка, пренесува Бугарското национално радио.

Причината за огорченоста на демонстрантите е реакцијата на министерот за одбрана Красимир Каракачанов во неделата, кога при положување цвеќе на хероите падобранци во Софија, еден од незадоволните граѓани јавно побара оставка од министерот, велејќи му „дека народот не го сака“.

Протестите со барање за оставка на Владата и главниот обвинител траат во Бугарија повеќе од сто дена. Оттогаш, бугарскиот премиер Бојко Борисов смени четворица клучни министри: финансии, економија, правда и туризам.

Минатото лето Бугарија од САД купи осум борбени авиони Ф-16 во вредност од скоро 1,26 милијарди долари, кои ќе стапат во употреба во 2023 и 2024 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button