(ВИДЕО) Дали знаете што е „шумата на чудните“? Во неа е откриено суштество наречено „величествен вонземјанин“
Наместо дрвја, оваа подводна шума била составена од корали со чудна форма. Меѓу највпечатливите бил коралот наречен „Rhodaniridogorgia“, кој потсетува на четка за шишиња, како и сплескани корали во облик на харфа, на чии гранки се наоѓаат долгите и розови роднини на морските ѕвезди. Околу нив имало стаклени сунѓери.
Но, кога бил забележан сунѓер со високо стебло на чиј врв се наоѓал завршеток во форма на диња со две дупки, што научниците ги потсетувало на очи, тие го нарекле „И-ти сунѓер“ според ликот од истоимениот филм на Стивен Спилберг. Три години подоцна, најинтригантното откритие од „шумата на чудните“ го добило научното име „Advhena magnifica“ или „величествен вонземјанин“.
Неговото тело е составено од ситни структури наречени спикули, направени од силициум диоксид. Разгледувајќи ги овие сложени структури под микроскоп, Бранко забележала дека тие се разликуваат од оние што ги видела во другите сунѓери. Затоа, таа заклучила дека не станува збор само за нов вид, туку и за сосема нов род на длабокоморски сунѓери што никој претходно не ги опишал.
Меѓутоа, кога го погледнала видеото од „шумата на чудните“, забележала дека сите сунѓери биле ориентирани во иста насока за собирање хранливи материи. Ова ја навело да помисли дека под микроскоп новооткриениот вонземен сунѓер изгледа поинаку – има поинаква структура во споредба со другите сунѓери – затоа што се приспособил на суровите услови за полесно да најде храна на места каде што е реткост.
Извор: National Geographic