

Алсат
06.09.2020 21:23
Десетици илјади луѓе учествуваа во опозицискиот „Марш на единството“ низ цела Белорусија. Тој траеше околу 4 часа во Минск и заврши со апсења.
Колоните демонстранти носеле бело-црвено-бели знамиња на опозицијата и извикувале антивладини пароли. Застанале пред резиденцијата на претседателот, каде останале до вечерта и потоа се разотишле.