ВИДЕО/ Дисквалификација на тенисерот, бидејќи се „истури“ на столчето на судијата

Шведскиот тенисер Микаел Имер направи огромен инцидент и со рекетот го скрши столчето на кое седеше главниот судија на мечот на АТП Турнирот во Лион.
Швеѓанецот не беше задоволен од една одлука на судијата кој не сакаше да погледне една спорна ситуација, а тоа го изнервира тенисерот кој реагираше недолично и скандалозно.
При резултат 5-5 во гемови во првиот сет, неговиот противник Артур Филс успеа да поведе со 6-5, а Имер тргна кон своето столче, но наместо да седне и да се подготви за продолжението на мечот, тој реши да се „истури“ на столчето на главниот судија.
What a dramatic ending to a fascinating contest…
Ymer is disqualified vs Fils in Lyon 🇫🇷#OpenParc @OpenParcARA pic.twitter.com/N7E2a1pS6E
— Tennis TV (@TennisTV) May 24, 2023
Публиката веднаш упати критики и извици на негодување, а тој мирно седеше на столчето, како ништо да не се случило. Потоа следуваше и очекуваната дисквалификација на тенисерот