РЕГИОН
(ВИДЕО) Драматични сцени од Грција, страшно невреме ги погоди Халкидики и Тасос

Силно невреме погоди голем број туристички места во соседна Грција. Според пишувањата на странските медиуми најкритично било во Неос Мармарас, Тасос, Крф, Халкидики…
Невремето предизвикало големи оштетувања на покривите, а од паднатите керамиди и саксии се уништени голем број автомобили.
Покрај летните одморалишта, силно невреме ја зафати и Атина, каде биле поплавени бројни улици, а силниот ветер исто така урнал покриви и корнел дрвја.