ВЕСТИРЕГИОН

(ВИДЕО) Двајца загинати и тројца повредени во експлозија на бомба во Цетиње

Две лица се загинати, а тројца се повредени при експлозија на експлозивна направа во близина на спортскиот центар во црногорскиот град Цетиње.

Експлозијата се случила утринава околу 9:10 часот, пренесуваат црногорските медиуми.

Според извори од Полициската управа, едно од лицата починало на самото место, додека другото им подлегнало на повредите подоцна.

Според неофицијални информации, што ги пренесува „Вјести“, двете жртви наводно биле членови на криминалниот шкаљарски клан.

„Полициски службеници веднаш по сознанието за настанот излегле на местото на настанот, кое било обезбедено. Заради утврдување на сите околности и факти и расветлување на овој настан, службениците на Полициската управа во координација со Вишото државно обвинителство во Подгорица, преземаат интензивни увидни мерки и дејствија, за чиј тек и исход јавноста навремено ќе биде информирана“, се вели во информацијата од полицијата.

Црногорскиот медиум „Цетињски лист“ пренесува дека од силината на експлозијата испукале стаклата на Спортскиот центар, а едно дрво е скршено.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button