
Вулканот Шивелуч на полуостровот Камчатка, на далечниот исток на Русија, еруптира рано денеска, исфрлајќи облак од пепел висок 10 километри, што претставува зголемена закана за воздушниот сообраќај, соопшти тимот за одговор на вулканска ерупција на Камчатка (КВЕРТ).
Тимот издаде црвен аларм истакнувајќи дека голем облак од пепел патува западно од вулканот и дека во секое време може да се случи експлозија со исфрлање на пепел во висина до 15 километри.
🔥🔥😳
The Shiveluch volcano erupted in Kamchatka, Russia.
According to preliminary data, the height of the ash cloud is 20 kilometers. pic.twitter.com/sxkJGdsYQE
— 🇺🇦 C.A. Tim Gravett 🇨🇦 🍁🇺🇸🇺🇦 (@TimGravett) April 11, 2023
„Тековната активност може да влијае на меѓународните летови и авионите што летаат на пониски височини“, се вели во извештајот.