ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Ерупција на еден од најактивните вулкани на Хаваите

Почнал да еруптира Килауеа, еден од најактивните вулкани во светот, соопштила Опсерваторијата за хавајски вулкани на Американскиот геолошки институт.

Ерупцијата е на нешто повеќе од еден километар јужно од Килауеа Калдера, во област во рамките на Националниот парк на вулкани на Хаваи, која е затворена за јавноста од 2008 година поради опасност од пукање на земјиштето, како и лизгање на камењата.

„Од видео снимките се гледа како лава излегува од пукнатините. Ерупцијата е во тек, но позитивно е тоа што се случува на оддалечена локација во Националниот парк. Нема закана по населението, како и од нарушување на инфраструктурата на околината“, велат од Опсерваторијата за хавајските вулкани.

Сепак, оттаму посочуваат и дека ерупцијата може да го покачи нивото на гасови во воздухот и со тоа на жителите во околните места да им предизвика потешкотии во дишењето.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button