СВЕТ
(ВИДЕО) Етна повторно еруптираше, италијански градови прекриени со пепел

По спектакуларната ерупција на најголемиот жив вулкан во Европа, Етна, сицилијанските градови се разбудија утрово покриени со пепел, пишува агенцијата Анса. Граѓаните и властите денес треба да ги исчистат улиците, дворовите и автомобилите од пепел и вулкански материјал што се шири во дијаметар од неколку десетици километри.
Лавата исфрлена од вулканот не стигна до населените места на падините на планината и немаше човечки жртви. Поради ерупцијата, вчера беше затворен меѓународниот аеродром во градот Катанија, административниот центар на регионот Сицилија. Властите соопштија дека околните населени места не се загрозени, и дека ја следат ситуацијата, пренесува Скај Њуз. Етна, висока 3.350 метри, е еден од најактивните вулкани во светот.