ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Евакуирани 6 илјади луѓе на Канарските Острови поради ерупција на вулкан

Поради отворање на уште еден отвор на вулканот Кумбре Вијеха на шпанскиот остров Ла Палма, најголемиот од Канарските Острови, се евакуирани уште 500 луѓе, со што вкупниот број луѓе принудени да ги напуштат своите домови е зголемен на 6000.

Појавата на уште еден отвор од кој се излива лава во општината Ел Пасо доведе до евакуација на жителите, напиша синоќа на Твитер службата за итна помош на островот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button