
Годините на поделба во општеството кулминираа денеска со физичка пресметка меѓу претставниците на владејачката коалиција и опозицијата во српскиот парламент на првата седница по трагедијата во Нови Сад на почетокот на месецот.
Непосредно пред почетокот на седницата на која треба да се расправа за предлог-буџетот за 2025 година, пратениците најпрвин се удираа со тупаници по лицето, а потоа со клоци, тупаници и фрлање вода.
Во конфликтите учествуваа и некои министри, се виде во преносот на собраниската седница.
Кога министрите влегоа во салата, опозиционерите ги поздравија со пораката „рацете ви се крвави“, често нагласена на протестите по падот на настрешницата на 1 ноември во Нови Сад, кога загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повреден.
Опозицијата, активистите и демонстрантите ја обвинуваат власта за корупција, барајќи да се откријат виновниците за трагедијата.
Тие носеа и транспарент со ликот на српскиот претседател Александар Вучиќ, чии тупаници беа обоени во црвено, извикувајќи „убијци, убијци“ и свирежи.
Во исто време, пратениците на владејачката коалиција станаа од клупите, држејќи ги пораките „жолти ѓубриња, корупција и лопови се вашите средни имиња“, како и голем транспарент од балконот.
Потоа тргнале еден кон друг, а некои си размениле и удари.