ВЕСТИМЕТРОПОЛ

(ВИДЕО) Фосилни остатоци на огромно морско „чудовиште“ пронајдени во Англија

Черепот ќе и биде претставен на јавноста во специјално шоу на Дејвид Атенборо.

Фосилизираниот череп на џиновско морско чудовиште е ископан од карпите на Дорсет, на таканаречениот брег Јура, јавува Би-Би-Си.

Тоа е череп на плиосаурус, жесток морски рептил кој ги тероризирал океаните пред околу 150 милиони години.

Фосилот долг 2 метрa, еден од најкомплетните примероци од неговиот вид досега откриени, дава нови информации за овој древен предатор.

Черепот ќе биде претставен на јавноста во специјалното шоу на Дејвид Атенборо на Би-Би-Си, на Нова Година.

Локалниот палеонтолог Стив Етчес рече дека таков примерок не постои никаде на друго место.

„Тоа е еден од најдобрите фосили на кои сум работел. Она што го прави уникатен е тоа што е комплетен. Долната вилица и горниот череп се споени како што би биле во животот. Не постои сличен примерок во светот. Ја има секоја коска. Черепот е подолг отколку што се високи повеќето луѓе и тоа ви дава чувство за тоа колку големо суштеството воопшто било. Не можете, а да не се фокусирате на неговите 130 заби. Особено предните заби, долги и остри, би можеле да убијат со едно гризнување“, изјавил тој за BBC News.

Фосилот бил пронајден кога пријателот на Стив и колега ентузијаст, Фил Џејкобс, наишол на врвот на вилицата што лежела во чакал додека шетал на плажа во близина на заливот Кимериџ, во јужна Англија, заштитено светско наследство. Бидејќи било премногу тешко за носење, тој отишол да го повика Стив и двајцата направиле импровизирана носилка за да го однесат фосилниот фрагмент на безбедно.

„Ова животно било толку големо што мислам дека можело ефективно да лови се што имало таква несреќа да му се најде на патот“, вели д-р Андре Роу од Универзитетот во Бристол.

„Не се сомневам дека ова бил некој вид подводен т-рекс.

Палеобиологот, професорката Емили Рејфилд веќе ги истражи огромните кружни отвори на задниот дел од главата.

Тие ѝ ја кажуваат големината на мускулите што ја придвижувале вилицата на плиосаурот и силата што се создавала кога неговата уста се затворала и го згмечила пленот.

На горниот крај, тоа е околу 33.000 њутни.

За споредба, најмоќните вилици кај живите животни може да се најдат во морскиот крокодил од 16.000 њутни.

Овој новооткриен примерок има карактеристики што укажуваат на тоа дека животното имало доста остри и многу корисни сетила. Неговата муцка е означена со ситни вдлабнатини, можни локации на жлезди кои би помогнале да се регистрираат промени во притисокот на водата предизвикани од потенцијалниот плен.

А, на главата има дупка што може да биде дом на париетално или трето око. Го имаат гуштери, жаби и некои живи риби денес. Чувствително е на светлина и може да помогне да се лоцираат други животни, особено кога плиосаурусот се појавувал од длабоките, матни води.

Стив Ечис ќе го изложи черепот следната година во својот музеј во Кимериџ – таканаречената колекција на Ечис.

Има неколку ‘рбетни пршлени кои излегуваат од задниот дел на главата, но тие се прекинуваат по само неколку коски. Но, се интригантно навестување дека повеќе фосили можеби се кријат во подземните делови на карпата.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button