ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Голем пожар на истокот на Австралија уништи повеќе од 50 домови

Се стравува дека во пожарот што седми ден беснее во источна Австралија загина еден човек, уништени се повеќе од 50 домови и изгорени 20.000 хектари земјоделско земјиште и ниска вегетација, соопштија денеска локалните власти.

Advertisements

Најкритично е во подрачјето на градот Тара во Квинсленд, пренесе АП.

Како што се додава во веста, пожарот конечно е ставен под контрола и денеска не е пријавена нова материјална штета.

„Тоа не е пожар што може брзо да се изгасне. Ние всушност не можеме да го изгасиме, но само треба да го контролираме“, изјавил шефотт на противпожарната служба, Камерон Херберт.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button