ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
(Видео) Голем пожар во фабриката ,,Ником” во Кавадарци

Пожар синоќа ја зафати фабриката „Ником“ во Кавадарци. На терен интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кавадарци со екипи од Комуналец, Шумско стопанство Бор и екипи од Велес и Неготино.
За пожарот информираше и градоначаклинкот на Кавадарци, Митко Јанчев преку својот Фејсбук профил.
Утрово, од Противпожарната единица потврдија за МИА дека пожарот бил локализиран околу 01:30 часот, но нивна екипа останала на терен за да ја следи состојбата.