ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Голем пожар во Калифорнија, евакуирани 7.000 луѓе

Шумски пожар засилен од ветрот што избувна на местото кадешто се наоѓа базата на американската морнарица во јужниот дел на Калифорнија, доведе до евакуација на над 7.000 луѓе, пренесува Ројтерс.

Advertisements

Таканаречениот „Крик пожар“, активен шумски пожар кој гори од септември, избувна синоќа покрај патот на источниот дел на кампот „Пенделтон“, северно од Сан Диего. Огнот зафати околу 3.000 хектари до четвртокот напладне, соопштија официјалните лица.

Во пожарот нема жртви и штети, но утрово е издадена наредба за евакуација на луѓето сместени во базата, како и во блиската населба Фолбрук, каде што живеат 7.000 луѓе.

Според податоците од пладне по локално време, пожарникарите не успеале да го изгаснат пожарот и покрај тоа што дотогаш биле ослабени силните ветрови.

Годинашната сезона на шумски пожари во Калифорнија беше една од најлошите. Пожарите зафатија над четири милиони хектари и над 10.000 домови, а животот го загубија 33 лица.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button