ВЕСТИРЕГИОН

(ВИДЕО) Големи поплави во Скадар и Валона, армијата го евакуира населението!

Околу 200 приватни куќи во албанската општина Скадар се поплавени како последица на обилните врнежи од дожд што паднаа претходните денови, но и од излевањето на реките, пренесува „Информер“.

Advertisements

Според локални медиуми, повеќе куќи во општина Скадар и селото Ливаде се без струја и вода и  отсечени од другите делови на државата, а војската го евакуира населението. Некои патишта може да се минуваат само со чамец.

Општината побара од владата да прогласи вонредна состојба во некои делови од неа. Ситуацијата е сериозна и во општина Валона, каде поплавите создадоа сериозен сообраќаен хаос.

Слична е состојбата и во пристаништето Драч, каде сообраќајот на мали и средни пловни објекти е прекинат, а спорадични поплави се забележани и во градот Лушња, каде нивото на водата достигна 30 сантиметри.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button