(ВИДЕО) Големо невреме ја погоди Британија, торнадо корнеше покриви во Манчестер

Стотици домови се оштетени откако, како што пишува Би-би-си, локализирано торнадо погоди дел од Манчестер. Полицијата по торнадото прогласи голем инцидент поради сериозноста на штетата и потенцијалниот ризик за јавната безбедност.
Торнадото ги откорна покривите од куќите, урна дрвја и ѕидови.
Полицијата соопшти дека нема извештаи за повредени.
„Овој инцидент несомнено погоди многу луѓе, при што многу жители беа раселени од нивните имоти преку ноќ. Наш најголем приоритет е да ги заштитиме луѓето, поради што ги советуваме раселените да не се враќаат или да не влегуваат во нивните домови, кои се значително оштетени додека не ги проценат градежници“, рече началникот на противпожарната служба.
Бурата Герит што ја погоди Велика Британија вчера остави илјадници луѓе без струја. Како што пишува Скај њуз, околу 14 000 домаќинства утринава сè уште се без струја.
„Условите на терен се лоши, силниот ветер ни ја отежнува работата, некои би можеле да останат без струја 48 часа“, велат од локалното електростопанство.
#tornado looks like Manchester has been hit by a tornado! pic.twitter.com/Ul0P5n0d2b
— D𝕏_ (@vocnorth) December 28, 2023