СПОРТФУДБАЛ

ВИДЕО/ Голманот одбрани и почна да слави, топката му заврши во мрежата

Гзира Јунајтед од Малта и Гленторан од Ирска го одиграа најлудиот меч во квалфиикациите од конференциската лига, откако Гленторан со гол во 103. минута го одведе мечот во продолженија, за на крајот патникот во следната рунда да биде решен со пенал-рулет.

Advertisements

Во рамките од 13. серија беше изведен и најлудиот пенал, откако голманот на Гзира Давид Касар, успеа да го одбрани шутот на Џеј Донели. Голманот од Малта почна еуфорично да слави, не забележувајќи дека топката доби чудно движење и се врати назад во неговата мрежа.

За среќа на Касар, тој во следната пенал-серија, вкупно 14. во овој „рулет“, повторно беше поуспешен од ирскиот изведувач на ударот од белата точка, па од супер-трагичар голманот повторно стана херој на тимот од Малта.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button