ЗАБАВАСВЕТ

(ВИДЕО) Испаднаa пари од блиндирано комбе, лудило меѓу луѓето, тепачки и апсења

Парите кои испаднаа од блиндираното комбе недалеку од Сан Диего предизвикаа вистинско бунило меѓу луѓето, тепачки и апсења.

Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат расфрлани пари и луѓе кои се борат да зграпчат што е можно повеќе долари расфрлани по автопатот „Интерстејт 5“, во областа Сан Диего во Калифорнија, јавува Би-Би-Си.

Advertisements

Полицијата соопшти дека уапсила неколку лица и ги повикала сите што ги земале парите да ги вратат.

Една од вратите на оклопното возило се отворила на патот, вреќите испаднале, а парите се разлетале.

„Поради некоја причина, парите испаднаа од блиндираниот автомобил“, изјави офицер на патролата во Калифорнија на автопатот, Џим Бетенкур.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button