
Заврши првото коло од групната фаза на Европското првенство, а веднаш пред почетокото на второто кое започнува со денешниот натпревар помеѓу Хрватска и Албанија избрани се најубавите постигнати голови до овој момент.
Првенството започна ефикасно и се уште не сме имале натпревар без погодоци на сите имаше барем по еден, а најмногу на стартот во дуелот кога Германија ја победи Шкотска со 5:1.
Во најубавите четири погодоци два се дело на турските фудбалери, Мерет Мулдур и Арда Ѓулер кои беа стрелци во вчерашниот триумф од 3:1 против Грузија. Преостанатите два погодоци ги постигнаа Барела против Албанија и Станчу против Украина.
4 brilliant goals! Tap below to vote for your favourite? 🗳️👇
🇹🇷 Mert Müldür vs Georgia
🇷🇴 Nicolae Stanciu vs Ukraine
🇮🇹 Nicolò Barella vs Albania
🇹🇷 Arda Güler vs Georgia— UEFA EURO 2024 (@EURO2024) June 18, 2024