
Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе бидат брифирани од високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел, за тековните работи, разгледувајќи ги најновите меѓународни случувања. Според најавите главни прашања ќе бидат: исходот од изборите во САД и ситуацијата во Авганистан, Белорусија, Нагорно Карабах, Источен Медитеран и Етиопија.