ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Ледена апокалипса во Тексас – милиони без греење и вода, се најавуваат и проблеми со струјата!

Властите во Тексас предупредија на „катастрофа во рамките на катастрофата“ по невидениот леден бран што остави милиони без греење и вода, најавувајќи дека граѓаните треба да се подготват за можноста да нема струја до викендот.

На жителите во повеќе од 100 окрузи во Тексас им е кажано да ја зовриваат водата бидејќи прочистувачките капацитети продолжуваат да се соочуваат со неможноста да ги активираат своите системи, додаваат официјални лица, објави Ројтерс.

Околу 2,7 милиони домаќинства немаат електрична енергија, а метеоролошките служби предвидуваат дека ниските температури ќе продолжат до викендот, што ќе го отежни враќањето на електричната енергија, бидејќи Тексас за време на овој бран изгуби околу 40 проценти од капацитетот за производство на струја.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button